-
Со овие општи услови се определуваат условите за користење на електронската база на прописи, пресуди и преводи ПРАКСИС (во натамошниот текст: ПРАКСИС).
-
ПРАКСИС е сопственост на Друштвото за консултантски услуги АЦТ! ДОО Скопје (во натамошниот текст: АЦТ!).
-
Авторските права на ПРАКСИС се заштитени и му припаѓаат на сопственикот АЦТ!. Се забранува користење на податоците од ПРАКСИС за комерцијални цели. Секое неовластено користење, копирање и дистрибуција на прописите и другите податоци содржани во ПРАКСИС претставува кривично дело и подлежи на кривично гонење.
-
ПРАКСИС е база на прописи која овозможува пристап до:
стручно изработени пречистени текстови на закони;
-
основниот закон, новелите и одлуките на уставниот суд, како и подзаконските прописи кои произлегуваат од законот;
судски одлуки поврзани со законот;
поврзани прописи на ЕУ и други држави;
-
корисни информации за корисниците на услугите кои се поврзани со конкретниот закон (на пр. објави на стечајни постапки дадени како корисни информации во Законот за стечај, обрасци кои произлегуваат од Законот за трговските друштва, модели на тендерски документации кои произлегуваат од Законот за јавните набавки, колективни договори во Закон за работните односи итн.);
-
резимеа на прописи во кои на краток и разбирлив јaзик се презентирани основните информации за содржината на законот;
преводи на законите на англиски јазик;
-
пречистени текстови на законите, основниот закон и новелите на албански јазик.
-
Дефиниција на термини користени во општите услови, формуларот за регистрација и потврдата за склучен претплатнички договор:
-
Претплатник – означува правно или физичко лице со кое АЦТ! склучува претплатнички договор – обврзник за плаќање на цената за претплатата/ите;
-
Корисник – означува лице кое е регистрирано на ПРАКСИС и на ко му е дозволен пристап на ПРАКСИС преку електронска пошта (корисничко име) и лозинка;
-
Потврда за склучен претплатнички договор – претставува документ во писмена форма кој го издава АЦТ! на претплатникот и со кој се потврдува дека е склучен претплатнички договор.
-
Прописи – означува секаков документ (акт, информација) за кој е овозможен пристап на корисникот на ПРАКСИС;
-
Кориснички пристап – означува право на корисникот да има пристап до прописите на ПРАКСИС;
-
Траење на претплатнички договор – го означува временскиот период на важност на корисничкиот пристап до ПРАКСИС утврден во склучениот претплатнички договор;
-
Администратор – означува лице овластено од АЦТ! кое ги уредува корисничките пристапи;
-
Пристапно место – означува секое место на кое има интернет конекција и од каде корисникот може да пристапи на ПРАКСИС;
-
-
До ПРАКСИС се пристапува откако ќе се пополни формуларот за регистрација, преку кој претплатникот доставува податоци за себе и за корисникот/ците.
-
По приемот на формуларот за регистрација, администраторот издава потврда за склучен претплатнички договор и фактура, која ја доставува до претплатникот на адресата за е-пошта наведена во формуларот за регистрација во делот за податоците за претплатникот.
-
Претплатникот има право да ги менува корисниците во текот на траењето на претплатничкиот договор. За секоја промена на корисникот, на претплатникот му се издава потврда за промена на корисник.
-
АЦТ! исклучиво е одговорен за работата на серверот на кој се прикачени прописите на ПРАКСИС.
-
Еден кориснички пристап не може да се користи истовремено од повеќе пристапни места.
-
Еден кориснички пристап може да се користи исклучиво од страна на корисникот наведен во формуларот за регистрација. Се забранува користење на еден кориснички пристап од страна на повеќе лица.
-
ПРАКСИС овозможува едноставно печатење и копирање на текст од избраниот пропис на ПРАКСИС. Најстрого се забранува печатените и копираните текстови од ПРАКСИС да се користат за комерцијални цели.
-
ПРАКСИС овозможува едноставно пребарување на бараниот пропис (закон, подзаконски пропис или корисна информација).
-
ПРАКСИС овозможува напредно пребарување преку различни параметри, како што се ТАГ-ови и категории дефинирани од страна на ПРАКСИС
-
Почетокот и крајот на претплатата, цената на чинење, начинот и рокот на плаќање се наведува во потврдата за склучен претплатнички договор.
-
Доколку претплатникот не ја плати цената на чинење во рокот наведен во фактурата, АЦТ! го задржува правото да го исклучи претплатникот од натамошно користење на базата на прописи.
-
Претплатничкиот договор се продолжува по автоматизам доколку претплатникот не изјави приговор во рок од 8 дена по приемот на потврдата за склучување на новиот претплатнички договор, која ќе му се доставува по истекот на рокот за којшто е склучен претходниот претплатнички договор.
-
На корисниците им е обезбедена корисничка поддршка на посебна телефонска линија и адреса за е-пошта преку кои ги доставуваат сите прашања и проблеми поврзани со користењето на ПРАКСИС.
-
ПРАКСИС го задржува правото да ги менува општите услови за користење на базата на прописи.