ЕЛЕКТРОНСКА БАЗА НА ПРОПИСИ, ПРЕСУДИ И ПРЕВОДИ

Контакт: 075 227 125, 02 3212 312

Адреса за е-пошта: kontakt@praksis.mk

Работно време: Пон - Пет(08:30 - 17:00)

Што нуди ПРАКСИС?

ПРАКСИС е современа, сеопфатна и стручна електронска база на прописи, пресуди и преводи. ПРАКСИС нуди иновативен, практичен и едноставен начин на следење на прописите и пресудите. На само дофат од дланката обезбедува ажурирани информации кои им се потребни на правниците од јавната администрација (органи на државна управа и локална самоуправа, јавни претпријатија и установи), институциите од правосудството, трговските друштва, правните професии (адвокати, нотари, извршители), НВО и донаторски проекти, но и на секој истражувач и граѓанин кој сака да биде запознаен со содржината на прописите.

Кои се главните карактеристики и предности на ПРАКСИС?

Богата база на прописи – базата ги вклучува сите важечки основни текстови на прописи (закони и подзаконски акти) и нивни новели, вклучително и одлуки на Уставен суд со кои се укинува или поништува дел од прописот, како и пречистени текстови на сите важечки закони кои биле изменувани или дополнувани.
Дневно ажурирање - Секојдневно ажурирање и објавување на различни документи како што се: новели на законите, пречистени текстови на закони, подзаконски акти, судски одлуки, предлог закони, прописи на ЕУ, преводи...).
Зголемување на правната сигурност – При често изменување и дополнување на законите, ПРАКСИС овозможува корисникот во секој момент да го има ажурираниот пречистен текст на законот со што се олеснува неговото разбирање и применување.
Поврзувања – ПРАКСИС нуди едноставен споредбен приказ на сродни и меѓусебно поврзани прописи и документи на еден екран. На пример, до пречистениот текст на законот може директно да се отвори и определена конкретна измена на законот, релевантниот пропис на ЕУ или судска пресуда поврзана со конкретен член од законот.

Кои иновативни функционалности ги нуди ПРАКСИС?

• Претходни верзии на пречистени текстови на закони
• База на преку 200 судски пресуди на основните и апелационите судови, како и на Врховен суд на Република Македонија, со кратко резиме и директна врска со конкретните членови од законот што биле применети
• Резимеа на закони во кои на едноставен начин се презентирани сите клучни аспекти на законот и неговата содржина
• Регулативите, директивите и одлуките на надлежните тела на ЕУ и законите на други држави во кои е содржана истата или слична предметна материја како во националниот закон
• Корисни информации поврзани со конкретен пропис како што се на пример: објави на стечајни постапки (Закон за стечај), колективни договори (ЗРО), модели на тендерски документации и договори (ЗЈН)
• Едноставно пребарување според називот или клучниот збор на прописот и напредно пребарување според: ПРАКСИС категоризација на прописи (според структура на Устав), надлежна институција, поглавја за преговoри со ЕУ и вид на пропис
• Испраќање нотификации по е-пошта до корисникот на дневна основа за секој нов објавен пропис, документ или информација во категориите избрани од корисникот

Какви видови претплати нуди ПРАКСИС?

За да се користат сите наведени функционалности на ПРАКСИС потребно е секое заинтересирано лице да се претплати преку http://praksis.mk/Account/Register.
ПРАКСИС ги нуди следните видови претплати:

ВИД НА ПРЕТПЛАТА 1 месец 6 месеци 12 месеци 24 месеци
Еден кориснички профил 1.745 ден. 10.021 ден. 18.220 ден. 35.468 ден.
Три кориснички профили 5.078 ден. 29.161 ден. 53.020 ден. 102.859 ден.
Шест кориснички профили 10.155 ден. 58.322 ден. 106.040 ден. 206.424 ден.
Десет и повеќе кориснички профили по договор по договор по договор по договор
Попoлни формулар за регистрација

*во цената не е вклучен 18% ДДВ
Претплатата се плаќа авансно, односно по склучување на договорот.
Уплатата се врши по достава на про-фактура составена врз основа на податоците внесени во формуларот за регистрација. По извршената уплата корисникот добива фактура.